Правото на косовските институции да ги остваруваат своите овластувања во целокупната територија не може да се оспори, но се трудиме да користиме начин кој фаворизира дијалог и договор, изјави заменикот на косовскиот премиер Хајредин Кучи.
Тој во интервју за „Дојче Веле“ изрази уверување дека бриселскиот договор помеѓу Белград и Приштина ќе се примени.
На прашањето што ќе се случи доколу по 20-ти јуни, договорот не се примени, Кучи нагласи дека не верува дека договорот нема да успее.
-Ние сме подготвени на тоа, поради тоа отидовме и во Брисел и ќе одиме повторно кога ќе биде потребно. Премиерот на Косово е подготвен да оди во Брисел кога и да е потребно, со цел да се постигне планот за договорот кој што е потпишан во Брисел на 19-ти април-изјави тој.
Елена Георгиевска