Кучан за разговорите со врвот на ЈНА пред распаѓањето на Југославија

Од:

Поранешниот словенечки претседател Милан Кучан изјави вчера дека одговорните политичари во одредени моменти мора да преземат одговорност не само за себе туку и за народот што го претставуваат, и оти така се однесувал и како претседател на Сојузот на комунистите во годините пред распадот на Југославија, кога долго и упорно разговарал со водството на тогашна ЈНА, што многу во Словенија меѓу дисидентските кругови не го разбрале.

– Она што словенечкото партиско раководство го натерало да биде внимателно била изјавата на военото раководство дека тие ќе ја средат ситуацијата ако тоа не е во состојба да го стори партијата, вели тој, пренесе Фена.

– Велјко Кадијевиќ (тогашен министер за одбрана на СФРЈ) еднаш ми кажа дека тие не се занимаваат со пиони, туку со оние кои стојат зад нив, рече Кучан во разговор за Словенечката телевизија, по повод авторизираната биографија која неодамна ја објави историчарот Божо Репа.

Според Кучан, по смртта на Тито, ЈНА и нејзиното раководство се чувствувале загрозени бидејќи имале привилегирана положба во тогашното општество и политичкиот систем, а сметале дека демократските процеси кои се чувствувале ја загрозувале таа положба, а со тоа не го признавале колективното претседателство по Тито како свој врховен командант.

Кучан во разговорот се согласил со тврдењето на својот биограф дека неговата политичка тактика во тоа време била „два чекори напред, еден чекор назад“, за да спречи ЈНА со смена на словенечкото партиско раководство да ги запре политичките процеси во Словенија и оти морало тактички да се делува и во случајот на судењето на публицистите на „Младина“ пред воениот суд на тогашната ЈНА во Љубљана.

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

(ВИДЕО) Другари од ЈНА се сретнаа по 33 години, од снимката воодушевени од Вардар до Триглав

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија

Македонија и Србија ќе делат стан во Трст, наследството од поранешната Југославија