Жителите на Бечиќи на ридот над Рафаиловиќ поставија три и пол метри висок крст. Тие ги повикаа претставниците на сите месни заедници на општините, почнувајќи од Будва, да го следат примерот и да постават крстови на сите ридови.
-Денеска ќе биде осветен. Ги повикуваме сите верници во своите заедници да постават крстови и симболично да ја означиме земјата како православна, пишува на страната „Не дамо вам светиње“, каде се објавуваат секојдневно активностите, односно протестите против законот за верски слободи во Црна Гора.