КПТ на Советот на Европа го осудува полициското насилство во Грција

Од:

Комитетот за спречување тортура и нечовечно или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа (КПТ), во извештајот објавен денес, бара од Грција да ги „отстрани структурните проблеми што особено предизвикале постојано и лошо постапување кон затворениците, пренатрупаност во затворите и недостигот на персонал, јави дописникот на МИА..

КПТ признава дека има некои подобрувања од последната посета во 2015 година, но забележа дека многу основни проблеми се се уште присутни меѓу кои и полициско малтретирање што станува „вообичаена практика низ цела Грција“.

Пренатрупаноста на затворите до 140 отсто во два затвора, „сериозни недостатоци на медицинската нега“, зголемување на нивото на насилство и заплашување меѓу затворениците, понекогаш под влијание на надворешни банди: „премногу затвореници продолжуваат да бидат затворени во услови што претставуваат навреда на човечкото достоинство “, се само дел од забелешките на КПТ.

Општо, извештајот ги повикува грчката влада, парламентот и судството да ја направат приоритетна „рехабилитацијата на затворскиот систем“.

Би можело да ве интересира

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени