Косовското Собрание утре ќе расправа за платформата за дијалогот со Србија

Од:

Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели информира денеска дека собраниското Претседателство одлучи вонредната седница за Платформата за дијалогот со Србија да се одржи утре, со почеток во 9 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Седницата е закажана за во 9 часот на барање на премиерот, изјави Весели, информирајќи дека за 10 часот е предвидено продолжени на редовната собраниска седница.

Платформата за продолжување на преговорите со Србија ја изготви преговарачкиот тим формиран од Собранието, а со кој раководат вицепремиерот и лидер на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај и градоначалникот на Приштина и лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), Шпенд Ахмети.

Најавувајќи дека Платформата ќе се најде во Парламентот во текот на неделава, Лимај вчера изјави дека очекува таа да биде изгласана од пратениците, со што, како што рече, „Косово ќе има официјален став за дијалогот со Србија“.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор