Косовско МНР: Курти и Грвала имаа одлична средба со Дендиас во Делфи

Од:

Министерството за надворешни работи на Косово се огласи денеска со кратко соопштение во врска со вчерашната средба на премиерот Албин Курти и шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во рамки на Економскиот форум, кој од средата, 6 април, до денеска се одржува во грчкиот град Делфи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на косовското МНР, по вчерашната изјава на премиерот Курти дека побарал од Дендиас Грција да го признае Косово, се вели дека средбата со шефот на грчката диломатија била „одлична“ и дека на неа станало збор за продлабочување на соработката меѓу двете држави.

– Заедно со премиерот Курти имавме одлична средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас. Разговаравме за економската соработка и за потребата од проширување на соработката во многу области меѓу Косово и Србија, се вели во соопштението од кабинетот на Грвала, објавено на официјалната страница на косовското МНР на Твитер.

Приштинските медиуми ја пренесуваат и објавата на грчкото МНР, во која се вели дека на средбата, меѓу другото, станало збор и за дијалогот меѓу Косово и Србија, кој се води со посредство на Европската унија.

– Средба на маргините на Делфи економскиот форум меѓу министерот за надворешни работи Никос Дендиас, косовскиот премиер Албин Курти и министерката за надворешни работи, Доника Грвала. Дискусија за економската соработка и за текот на дијалогот меѓу Приштина и Белград, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Косовскиот премиер во вчерашното обраќање на Форумот во Делфи рече дека „сега е вистинското време Грција да го признае Косово“ и дека тоа би ѝ помогнало на неговата држава да обезбеди нови признавања.

– Ние имаме добра комуникација и соработка со Грција, меѓу луѓето од Косово и Грција, меѓу двете влади. Има само уште еден мост кој треба да го преминеме. Сега е вистинското време Грција да го признае Косово. Пред тоа, а посебно по признавањето, ние можеме да ја зголемиме економската соработка и трговската размена. Сметам дека Грција е регионален лидер и може да му помогне на Косово да се стекне со нови признавања, изјави Курти.

Грција е една од петте, од вкупно 25, членки на Европската унија, заедно со Шпанија, Романија, Словачка и Кипар, кои сé уште не ја признале независноста на Косово, прогласена во 2008 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Косово: Двајца убиени во престрелка во кафеана

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски