Косовските власти од утре ќе казнуваат за српски регистарски таблички

Од:

Од косовската полиција за Радио Слободна Европа Србија потврдија дека од утре (22 ноември) ќе почнат да изрекуваат казни за возачите кои управуваат возила со српски регистарски таблички. Изрекувањето на казните ќе почне на 22 ноември по 08:00 часот.

Казните се дел од одлуката на косовската Влада за пререгистрација на автомобили со српски регистарски таблички во РКС.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, претходно изјави дека на разговорите во Брисел не е постигнат договор за регистарските таблички. Премиерот на Косово не се согласи со договорот, рече Борел. ЕУ јасно бара Косово да се откаже од казните, а Србија да не издава повеќе таблички.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово