Косовските специјалци упаднаа во клиничката болница во Северна Митровица

Од:

Во Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица утрово упаднале специјални единици на косовската полиција, потврди за Косово онлајн директорот на таа институција д-р Златан Елек.

Елек вели дека специјалните сили на косовската полиција се уште се во болница и вршат претрес, што предизвикува вознемиреност кај вработените но и кај пациентите.

„Тие вршат претрес во пералната и одредени канцеларии на влезот во болницата. Jас и д-р Драгиша Миловиќ како директор воспоставивме контакт со нив, ни рекоа дека имаат наредба за претрес од Судот. Се уште се во болничкиот круг, постои голема вознемиреност кај пациентите и кај вработените“, вели Елек.

Би можело да ве интересира

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење