Косовските граѓани за три години за Шенген визи потрошиле 15 милиони евра

Од:

Во последните три години косовските граѓани потрошиле 15 милиони за аплицирање за Шенген виза, се наведува во анализата „Економија на визите: Извештај за цената на визите за Косовците за периодот 2010-2013“ на Институт ГАП.

Како што јави дописникот на МИА, од вкупната сума девет милиони се потрошени за директно плаќање за визите во амбасадите, додека над 5,8 милиони за други трошоци поврзани за обезбедување документација за аплицирање, како и за банкарски и патни трошоци.

Според извештајот, Косово е далеку од исполнувањето на условите за визна либерализација, поради што неговите граѓани и во текот на оваа година ќе потрошан значителна сума за добивање виза.

– Косово е единствена земја од Западен Балкан за чии граѓани важи визен режим за влез во ЕУ. Од друга страна, Косово е најсиромашна земја и држава со највисока стапка на невработност во Европа. Наспроти тоа, Косовците трошат најмногу во Европа за апликации за визи, се наведува во извештајот на ГАП.

Според Институтот, во последните три години за Шенген визи аплицирале 217.862 Косовци: 82.405 во 2010 година, 67.901 во 2011 и 67.556 во текот на минатата година.

Најголем број од барањата биле за визи за патување во Германија и Швајцарија, при што над 17 отсто од апликантите не добиле виза.

Доколку продолжи трендот на апликации, од 2010, па наваму, реално е да се очекува и во текот на оваа година повеќе од 65.000и Косовци да аплицираат за виза, што би значело дека ќе бидат потрошени 4,5 милиони евра, се заклучува во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина