Косовскиот претседател Тачи во посета на Тирана

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи престојуваше во посета на Тирана, во чии рамки се сретна со неговиот албански колега Илир Мета и со премиерот Еди Рама.

-Искажавме подготвеност да продолжиме со соработката меѓу нашите две држави, со цел успешно надминување на социо-економските последици од пандемијата Ковид-19, враќање во нормален живот на граѓаните и целосна стабилизација на слободното движење на луѓе и стоки, особено со наближувањето на летната туристичка сезона, изјави Мета по средбата.

Додаде дека на средбата го истакнал значењето од продолжувањето на дијалогот Косово-Србија за конечно нормализирање на односите меѓу двете земји, што ќе гарантира не само взаемно признавање, туку и нивна иднина во ЕУ.

Според него, „соживотот меѓу Албанците и Србите е во интерес на мирот, стабилноста и европската перспектива на нашиот регион“.

За време на прес-конференцијата со новинарите, Мета рече дека со Тачи разговарале за тоа дека Косово треба да продолжи на патот на зајакнување на демократските институции.

-Оценувам дека и покрај различните ставови и во однос на последната одлука на Уставниот суд, имавме мирна и демократска транзиција на владата на Косово. За ова, би сакал да го поздравам поранешниот премиер Албин Курти, кому многу му благодарам за соработката што ја остваривме во текот на овие месеци. Повторувам дека Косово е позитивен пример за почит кон институциите. Многу се надевам дека ќе има што е можно поголема соработка за сите предизвици со кои се соочува моментно. Ние секогаш ќе ја поддржуваме волјата на народот на Косово и секогаш ќе го почитуваме Уставот и институциите на Косово, рече Мета.

Тачи изјави дека „Косово и Албанија секогаш биле еден до друг и како неразделни тие мора да го продолжат патот на евроатлантските интеграции“.

-Со претседателот Мета, денеска разговарав за враќање во целосна нормалност на животот на граѓаните на нашите две земји по корона кризата. Колку побрзо двете влади продолжат со соработката, толку побрзо ќе можеме да ги вратиме економиите на нашите земји. Разговаравме и за важноста од продолжувањето на дијалогот со Србија, за кој очекуваме да биде заокружен со затворање на сите отворени прашања со Србија и да донесе меѓусебно признавање, изјави Тачи.

Тачи денеска беше примен и албанскиот премиер Еди Рама.

-Со претседателот на Косово, по разговорот како и секогаш братски, напиша Рама на Твитер кад постираше и заедничко селфи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина