Косовскиот претседател им посака на Трамп и неговата сопруга брзо опоравување од Ковид-19

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази загриженост поради веста дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на коронавирус.

Тачи преку неговиот Твитер, од името на народот на Косово, им посака на претседателот и на првата дама на САД брзо оздравување и изрази уверување дека тие „ќе го надминат овој предизвик“.

– Загрижен поради веста дека претседателот Доналд Трамп и Меланија Трамп се позитивни на тестот за Ковид-19. На обајцата им посакувам брзо оздравување од името на народот на Косово. Уверен сум дека Доналд и Меланија ќе го надминат овој предизвик и бргу ќе оздрават, напиша Тачи.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Откриен дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски на средбата во Ватикан

Трамп бара бесплатен премин за американските бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

Катерина Ѓуровски

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Трамп: Големата отстапка на Москва е што Русија не ја окупира цела Украина

Трамп: Украина е виновна за војната, но Крим останува руски