Косовската полиција фати 83 килограми хероин во камион на границата со Македонија

Од:

Косовската полиција и Царините на Косово открија денеска поголемо количество дрога хероин во камион на царински терминал во Генерал Јанковиќ, на границата со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставници на Обвинителството вечерва на прес-конференција во Урошевац информираа дека 83,5 килограми хероин биле откриени во 160 пакувања сокриени во камионот во 32 рефлектори. Дрогата била спакувана во Турција, а крајна дестинација била Приштина.

Во акцијата се уапсени седум косовски државјани од Пеќ и од Приштина, а запленети се и едно комбе и возило Ланд Ровер. Надлежен обвинител им одреди на уапсените 48-часовен притвор, а по уште две лица е распишана потерница.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља им четстита на институциите за успешно изведената акција за спречување на шверцот со дрога.

– Кога меѓу различните институции постои волја за искрена соработка со цел да се обезбеди владеењето на законот и борба против организираниот криминал, резултатите се неминовни. Честитки на Царината, Полицијата и Обвинителството, напиша Свечља на неговиот Фејсбук.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски