Косово: Претепано деветгодишно српско дете

Од:

Група Албанци го претепале деветгодишниот ученик Петар И, од селото Долна Битиња, кај Штрпц, по што момчето била пренесено во болница, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Во соопштението се наведува дека попладнево е претепан ученик од трето одделение, на патот од домот до училиштето.

Стои дека момчето има видливи повреди на главата и дека во болницата го пренела Косовската полиција, која дошла по повикот на неговите родители.

Канцеларијата од Косово во соопштението бара од меѓународните институции да го најдат и казнат злосторникот, на овој и претходните напади.

Таа потсети дека последните неколку дена имаше повеќе бомбашки напади врз српските деца, а извршителите на злосторствата се уште не се идентификувани и казнети.

Според неа меѓународните институции треба да обезбедат нормално детство за сите деца на територијата на Косово и Метохија, за да не живеат во атмосфера на омраза, насилство и страв.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина