Косово многу брзо ќе добие Влада, а Хашим Тачи од 2016 година ќе стане претседател

Од:

По цели шест месеци политички ќорскок и неизвесност по парламентарните избори, Косово многу брзо ќе добие влада, а лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) Хашим Тачи во 2016 година ќе стане претседател на земјата, јавуваат медиумите во Приштина.

Како што претходно беше јавено, лидерите на ДПК, Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Иса Мустафа, „принципиелно“ се договориле да формираат коалициска Влада, на чие чело ќе биде Мустафа.

Претседател на Собранието на Косово, како што е договорено, ќе биде од редовите на ДПК, додека двете партиии ќе имаат еднаков број министерски места во владата.

Новата влада, како што денеска јавуваат медиумите во Приштина, ќе има само еден заменик премиер.

Тоа ќе биде заменик претседателот на ДПК, Кадри Весели, за порталот „репортери.нет“ изјавија меѓународни извори кои биле вклучени во договорот за коалицијата меѓу ДПК и ДСК.

Министерските ресори ДПК и ДСК ќе ги поделат пола-пола. Станува збор за 85 отсто од составот на владата, додека преостанатите 15 отсто ќе им припаднат на малцинските партнери во коалицијата – за Листата Српска и останатите неалбански заедници, пренесува „репортер.нет“.

Со спогодбата е предвидено и функцијата претседател на Косово да ја добие Хашим Тачи, а тоа ќе се случи кон средината на 2016 година кога ќе заврши мандатот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, а изборот ќе се направи во косовското Собрание.

Лидерите на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, и на движењето Самоопределување, Албин Курти, денеска оценија дека спогодбата меѓу ДСК и ДПК за формирање косовска Влада е „поддршка на криминалот и корупцијата“.

Курти, на прес-конференција, изјави дека „колаборационизмот на Иса Мустафа со Хашим Тачи ќе ја засили тајната, илегална служба на ДПК на Тачи, наречена СИК“’.

На истата прес-конференциа лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, оцени дека со коалицијата меѓу ДПК и ДСК „само уште повеќе се зголемува криминалот и корупцијата“.

Харадинај подвлече дека ова е многу тежок момент за Косово, но нештата може да се променат.

Претседателот на националниот совет на Иницијативата за Косово, Јакуп Красниќи, на својот профил на Фејсбук напиша: „Се чини дека политиката е слика за лагата и предавството, а не за создавањето и прогресот.“

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица