Косово: Лидерот на „Самоопределување“ Курти не смее да се кандидира, Врховниот суд ја потврди забраната

Од:

Врховниот суд на Косово денеска делумно ја отфрли жалбата на Движењето самоопределување (ВВ) на претходните одлуки на Централната изборна комисија (ЦИК) и на Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП), по што на лидерот на таа партија дефинитивно му се ускрати правото да учествува на вонредните парламентарни избори на 14 февруари.

Курти и уште двајца кандидати на ВВ, Албулена Хаџиу и Бајрам Мавриќи, согласно неодамнешната одлука на Уставниот суд на Косово, немаат право на учество на овие избори, затоа што биле правосилно осудени за кривично дело во последните три години.

Споменатите тројца кандидати на ВВ во септември 2018 година се осудени со конечна судска одлука на условна казна затвор во траење од над една година, заради пуштањето димни бомби во косовското Собрание и попречување на службени лица во вршењето на должноста.

За двајца од кандидатите на ВВ, како и за еден од Алијансата за иднината на Косово (ААК), кои првостепените инстанци, ЦИК и ПЗАП, ги исфрлија од гласачките листи, Врховниот суд одлучи да им се овозможи да учествуваат на изборите, затоа што до 14 февруари истекува рокот од три години забрана поради изречени казни за кривични дела.

Забрана за учество на изборите, освен на Курти, Хаџиу и Мавриќи, им е изречена на уште околу 40 кандидати од партиите ААК, Социјалдемократската иницијатива (Нисма), Партијата на Ашкалиите за интеграција (ПАИ) и Нова демократска странка (НДС).

Уставниот суд на Косово на 21 декември го прифати барањето токму на партијата на поранешниот премиер Курти за прогласување за неважечки на еден од гласовите на пратениците за избор на владата на Абдулах Хоти и одлучи дека треба да се организираат вонредни парламентарни избори.

Во образложението на одлуката се оспори правото на глас на пратеникот од партиите на немнозинските етнички заедници, Етем Азири, поради тоа што бил правосилно осуден поради кривично дело.

Во истата пресуда на Уставен се нагласува дека нема право да се кандидира за пратеник лице кое три години пред одржувањето на изборите било осудено со правосилна казна затвор во траење од повеќе од една година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и целиот регион

А1он