Косово ќе учествува на донаторската конференција за настраданите од поплавите во Србија и БиХ

Од:

Косово ќе учествува на донаторската конференција за помош на настраданите од поплавите во Србија и БиХ, која е планирана за 16-ти јули во Брисел, пишува белградскиот весник „Политика“.

Според информација од Европската комисија, на конференцијата, на која се поканети сите држави и меѓународни организации кои можат да помогнат, Косово ќе биде претставено од министерот за надворешни работи Енвер Хоџај. Дипломатски извори тврадт дека пред него ќе има ознака со името Косово со ѕвездичка и фуснота под местото означено за статусот на земјата, согласно договорот меѓу Белград и Приштина од 2012 година за меѓународно претставување на Косово.

Овој договор беше еден вид повратна точка за Косово, кое дотогаш не можеше да учествува на меѓународни форуми, да зборува во свое име или да потпишува меѓународни договори. Наместо него тоа го правеше мисијата на ОН во Косово, УНМИК.

Властите во Белград изразија незадоволство од тоа дека ЕК го поканила Косово на донаторската конференција. Советникот на претседателот за прашања од надворешна политика, Иван Мркиќ изјави дека побарал од организаторите на конференцијата да не го канат Косово, бидејќи „тоа не може и себе си да си помогне“.

Донаторската конференција е организирана од Франција, ЕК и Словенија. На списокот на поканети се наоѓаат 18 земји и 15 меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања