Косово и официјално дел од Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од:

Од први јануари 2017 година, Косово ќе учествува на седниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа со тричлена делегација, по еден претстаник на власта, опозицијата и малцинствата.

– Одлуката е донесена со мнозинство гласови за време на сесијата на Парлементарното собрание на Советот на Европа, стои во соопштението на прес-службата на косовското Собрание, кое во Стразбур испрати делегација составена од потпретседателите Џавит Халити и Аида Дргути.

Според оваа одлука, како што јавија косовските медиуми, Парламентот на Косово станува учесник на седниците на Комитетот за демократија каде се одлучува и за односите, односно резолуциите за Косово, со право може да добие збор за време на седниците и зголемување на бројот на претставниците на косовскиот Парламент, кој до сега имаше двајца претстваници.

– Како резултат на парламентарната дипломатија, Косово успеа да се зачлени во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ова е еден знак дека Косово оди напред со сигурни чекори во правец на интегрирањето во значајни меѓународни организации, ја позрави одлуката претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели на својот профил на Фејсбук.

Од Стразбур, Петрит Васили, член на делегацијата на Албанија од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета, изјави дека одлуката на Советот на Европа е историска за Косово и оти правото на глас на Косово сега е едно добиено право.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија