Косово и Албанија ќе се обединуваат со телефонскиот код +355

Од:

Косовскиот Парламент со мнозинство гласови 47 „за“, девет против и два воздржани, изгласа Резолуција предложена од пратеникот на Движењето за обединување Агим Кулета.

Според овој документ, Владата на Република Косово треба да донесе одлука за промена на актуелните телефонски кодови кои важат за Косово (+377, +381 и +386) со телефонскиот код на Република Албанија (+355).

Како што пренесува порталот Албеу, со ваквиот чекор Косово и неговите граѓани ќе пофитираат многу, како од политички и економски, така и од безбедносен аспект.

Резолуцијата, како што е оценето, е донесена согласно Уставот и Деловникот на Парламентот и во неа меѓу другото наведени се причините поради што се носи овој документ.

„Бидејќи Република Косово не е членка на ООН, како и на Меѓународната унија за телекомуникации, ИТУ, не може да има сопствен код. Ги имаме во предвид големите, милионски загуби, кои ги трпеше и се уште ги трпи Косово од користењето на странски телефонски кодови, на Монако, Србија и Словенија. Исто така, се има во предвид и дека движењето на голем број граѓани на Република Косово во Република Албанија и обратно, услови раст на интензитетот на комуникацијата меѓу нив преку телефонската мрежа, а цената на оваа комуникација поради различите кодови е многу висока. се има во предвид и сериозната можност за закана по безбедноста на државата“, се наведува во резолуцијата.

Од косовската Влада се бара што побрзо да се почнат разговори со властите во Албанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток