Косово доби меѓународниот телефонски код – 383

Од:

Меѓународниот телефонски код за Косово ќе биде 383, соопшти косовската министерка за дијалог Едита Тахири по враќањето од Бирсел.

– Меѓу прашањата за кои постигнавме согласност со српската страна е и договорот Косово да добие меѓународен телефонски код 383 од Мешународната телекомуникациска унија. Барањето во име на Косово ќе го поднесе Австрија. Добивањето телефонскиот код за Косово е од исклучително големо значење бидејќи Косово ќе има сопствен код како што има секоја држава, за разлика од сега кога во употреба се неколку кодови, изјави Тахири.

Според весникот „Експрес“, како што јави дописникот на МИА, било договорено операторите од двете земји да соработуваат во сферата на роамингот со цел намалување на цените за граѓаните на двете земји.

Тахири најави и дека Косово ќе се прилучи кон регионалната иницијатива за поевтин роаминг.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица