Косово бара европски набљудувачи за локалните избори

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага денес од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон побара општинските избори на 3-ти ноември да ги надгледува и група набљудувачи од ЕУ.

Во писмото до Ештон, Јахјага наведе дека како претседателка на Косово се залага да преземе се, за да се обезбедат слободни и правични избори, кои како резултат ќе имаат избор за легитимен претставник кој ќе го брани интересот на граѓаните.

-Затоа ви се обраќам, за да ја повикате мисијата на ЕУ да го надгледува текот на овие избори-стои во писмото на косовската претседателка.

Претстојните избори ќе бидат први локални избори, на кои се очекува да учествуваат четири општини од северот на Косово, каде што мнозинството се Срби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица