Косовците трошат 200 милиони евра за летните одмори

Од:

Повеќе од 200 милиони евра косовските граѓани трошат за време на летната туристичка сезона.

Статистиката потврдува дека околу милион Косовци се одмараат на крајбрежјата на соседните земји, најмногу во Албанија и Црна Гора.

Причината зошто ги избираат Албанија и Црна Гора, поточно Улцин, е поради нивната слаба економска моќ, но и поради фактот што овие две земји имаат безвизен режим со Косово.

Само еден отсто од косовските граѓани за одмор ја избираат Турција, каде одат на елитен туризам. Бројот на Косовците, во земјите каде некогаш уживаа да одмараат, како Бугарија, Грција, Хрватска или некоја друга земја, сега е симболичен.

Косовците кои одат на одмор на албанското грајбрежје главно се сместуваат во приватни станови. Поголемиот дел од нив храна подготвуваат сами, а по рестораните и хотелите трошат многу малку. Тоа придонесува Албанија да нема некој голем профит од овој вид туризам, кого некои експерти го нарекуваат дури „одвратен“ туризам.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица