Коштуница: Поддршка за отпорот на Србите од Косово

Од:

Претседателот на Демократската парија на Србија, Воислав Коштуница денес изјави дека е сигурен дека договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина нема да биде спроведен.
Тој додаде дека неговата партија целосно ги подржува и се приклучува во мирен собир на српскиот народ од Косово за бриселскиот договор.

-Ќе бидеме со нашиот народ на Косово и сите функционери и пратенции на ДСС ќе се приклучат со мене. Ова е судбинско прашање за опстојување на Србија и убеден сум дека народот ќе победи и дека овој договор нема да се спроведе-изјави тој.

Коштуница ги повика граѓаните на Србија и сите организации да им се приклучат на мирен собир на Србите во Косово.

-Кога ќе бидеме со нашиот народ, ако не сега кога власта сака да ја урне Србија на Косово. Уште еднаш ја предупредуваме власта да не употребува сила против својот народ на Косово, бидејќи во тој случај ќе ја дестабилизира целата држава-наведе тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани