Претседателот на Демократската странка Воислав Коштуница оцени дека изјавата на поранешниот претставник на ОН за Косово, Марти Ахтисари дека Србија не треба да влезе во Европската Унија додека не го признае Косово делува како закана со празна пушка.
Во изјавата за агенцијата Бета, Коштуница оцени дека Уставот на Србија е „непробојна брана“ за независноста на Косово и дека нема никакви шанси Уставот да се менува се додека нејзината територија е загрозена.
„Ние во вистински момент во 2007 година обезбедивме Советот за безбедност да го отфрли планот на Ахтисари и со никакви дополнителни уцени не може да се врати на сила неговиот проект со кој Србија би го признала Косово“, рече Коштуница.
Тој изјави дека ЕУ и нејзините членки се соочуваат со криза, но и веќе е јасно дека ЕУ за граѓаните на Србија повеќе не ма така привлечна сила и дека политиката „ЕУ нема алтернатива“ е завршена во Србија.