Алкохолизираниот кошаркар Кидман Френд со неговото возило прегази 29-годишна девојка во центарот на Белград.
Девојката починала на местото на несреќата, а во моментот на ударот била со нејзината сестра близначка, која по претрпениот шок веднаш била пренесена во Ургентниот центар. На кошаркарот му биле измерени 0, 98 промили алкохол во крвта и задржан е на 48 часа во полициска станица.
Френд вчера го напушти кошаркарскиот клуб „Металец“, а требаше да направи трансфер во Валјадолид. Има играно и во кошаркарските клубови на Турција, Италија, Венецуела, Кореја и Шпанија.