Според најновиот пресек на епидемиолошката состојба во земјите од регионот, ситуацијата е непроменета, бројот на новозаразени и хоспитализирани е во нагорен тренд.
Во Србија во изминатите 24 часа е забележан најголем пораст со 2.981 новозаразени од Ковид-19, додека од последици на болеста починаа 14 лица.
Бугарија регистрира 2.090 нови случаи на инфицирани и 109 починати во изминатото деноноќие.
Во Северна Македонија денеска се потврдени 870 нови инфекции на Ковид-19, а починати се 37 лица. Во државата се хоспитализирани околу 1.000 пациенти.
Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 668 нови случаи на зараза со коронавирус, а пријавени се три смртни случаи. Бројот на активни инфекции моментно изнесува 3.214.
Во Словенија денеска се потврдени 528 новозаразени со Ковид-19 од тестирани 2.916 лица. Едно лице починало од последици на болеста. Моментно има 5.374 активни инфекции.
Во БиХ од 2.813 тестирани примероци, 474 се позитивни на коронавирусот, а потврдени се осум смртни случаи.
Црна Гора регистрираше 598 новозаразени лица и четири смртни случаи. Меѓу новозаразените има 25 туристи.
Албанија пријави тројца починати од последици на коронавирусот и 486 нови инфекции. Бројот на активни случаи е зголемен на 9.506.
Во изминатите 24 часа во Унгарија е регистриран еден смртен случај и 110 новозаразени лица. Бројот на активни инфекции моментно изнесува 4.834.
Во Романија се регистрирани 1.313 новозаболени лица, од речиси 46.000 извршени тестови на различни методи. Пријавен е 31 починат пациент.