„Корона-забави“ во неколку атински населби и покрај карантинот и полицискиот час

Од:

Плоштадите и парковите во неколку атински населби синоќа беа полни со друштва млади лица, кои собраа и покрај карантинот, рестрикциите и полицискиот час, а мнозинството беа без маски и не одржуваа дистанца.

Со „take away“ пијалоци од кафулињата уште во попладневните часови, младите излегоа како во центарот на Атина, така и во други населби, а за многумина „корона-забавата“ продолжи и по 21 часот, односно по почетокот на полицискиот час.

Во поголемиот број од случаите, не станува збор за претходно најавени и организирани забави. „Корона-забави“ имаше и изминатите викенди, но се чини дека како што се затоплува времето, така и овие неформални забави на отворено се зголемуваат.

Кафулињата во Грција се затворени веќе пет и пол месеци, а земјата е во карантин од 7 ноември 2020 година со воведен полициски час од 21 часот. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 313.444 случаи на Ковид-19, а починаа 9.397 лица. Само во изминатата седмица, од понеделникот до вчера беа потврдени 18.039 заразени и 512 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција