Покрај телевизиите и останатите медиуми кои без престанок информираат за поплавите во регионот, комуникацијата преку социјалната мрежа „Твитер“ помогна од аспект на ширење информации за исчезнатите, евакуираните, прифатилиштата, загрозените подрачја и сите актуелни случувања.
Сите информации поминаа низ рацете на „заедница“ на „Твитер“, која според неофицијални информации, успеа да спаси повеќе од 1500 животи.
Тие деноноќно информираат каде може да се донесат неопходните работи, облека, обувки, средства за лична хигиена, храна и вода.!
Е. Г.