Кон: Ништо не може да го запре вирусот

Од:

Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб, Предраг Кон, за ТВ Б92 изјави дека ништо не може да го спречи вирусот, но дека може да се забави.

„Неделава ќе имаме нешто повеќе од илјада заразени, следната недела можеби и помалку од илјада. Меѓутоа, сега имаме момент кога нашите луѓе доаѓаат од Западна Европа и можно е одреден број луѓе да дојдат со вирусот, можно е да има и омикрон“, рече Кон.

„Ништо не може да го спречи вирусот. Можеме да се обидеме да го забавиме, би било добро да го нема пред новогодишните празници“, рече д-р Кон за сојот омикрон.

„Впечатокот е дека е двојно попренослив од делта сој, што е многу незгодно и опасно“, вели Кон.

„Нема да биде како грипот, но ќе има слично однесување, односно ќе предизвика слична болест. Сигурно е, веќе се забележува“, вели д-р Кон.

По две години борба со короната и искуство со вакцините, д-р Кон вели дека на почетокот на епидемијата не очекувале ефективност на вакцината до степен до кој била ефективна кога се појавила.

„На почетокот очекувавме многу помалку ефикасна вакцина. Значи, ние сме многу задоволни. Присуството на антитела е фантастично, а ефективноста беше над 50 проценти, што е извонредно. Сепак, ефективноста почна да опаѓа“, тој кажа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции