Комшиќ ја обвини Хрватска дека ја злоупотребува својата улога во иницијативите на ЕУ и НАТО за БиХ

Од:

Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ упати обвинувања кон Хрватска дека ја злоупотребува својата улога во ЕУ и НАТО со иницијативите за измена на Изборниот закон на БиХ и рече дека таквите потези не се поддржани од „пријателска“ и „добронамерна“ Турција предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На прес-конференција по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Комшиќ синоќа рече дека најмногу разговарале за односите меѓу земјите од регионот и деталите од неговата посета на Загреб и разговорите со неговиот колега Гордан Грлиќ Радман, пренесува Хина.

– Од министерот добивме уверување дека не го поддржуваат она што Загреб се обидува да го направи во однос на интервенциите во внатрешните работи, дури и во однос на Изборниот закон, рече Комшиќ.

– Фактот што Загреб ги злоупотребува таквите средби, па дури и неговата позиција во ЕУ и НАТО, според мене е одраз на очајот на Загреб што не може да го зграпчи тој лост на моќ во Босна и Херцеговина, рече Комшиќ.

-Турција не ја поддржува позицијата дека „треба да се отворат преговори меѓу двата народа“, рече Комшиќ.

-Колку се поупорни, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Драго ни е што ја имаме поддршката од Република Турција за таквиот став, а не за ставот што се обидоа да се покрене по тој состанок во Загреб, рече Комшиќ.

На завчерашната средба со неговиот хрватски колега во Загреб, турскиот министер за надворешни работи ја поддржа идејата за решавање на несогласувањата преку разговори меѓу Хрватите и Бошњаците во БиХ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра