Комшиќ: Делење на Бих води кон војна

Од:

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељо Комшиќ, кој е претставник на хрватскиот народ, порача дека нема разговори за тоа дали БиХ останува цела и дека делењето на државата сигурно води во војна.

„Будала е оној што мисли дека нема да биде така доколку се отцепи дел на државата. Можеме да се надмудруваме, препираме расправаме… Но, да се дели државата, тоа сигурно води во воја! Затоа е глупава таквата политика. За сешто можеме да разговараме , но за тоа дали Бих останува цела, не можеме да разговараме никако“, рече Комшиќ, а пренесе Макфакс.

Говорејќи за отстапувањето на оружје и војници за потребите на снимањето на филм на Емир Кустурица, Комшиќ нагласи дека секоја употреба на силите и на оружјето мора да биде одобрена од Претседателството на БиХ, кое е врховен командант.

Таква одлука мора да биде донесена со консензус на трите члена на колективниот шеф на државата.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина