Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани во Солун

Од:

Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриле царински инспектори на Независната даночна управа во пратка свежи банани.

Контејнерот пристигнал во пристаништето во Солун од Еквадор, а примател била француска компанија која испраќа банани во Романија.

При контролата пронајдени се 80 пакувања кокаин, внимателно скриени во посебен дел од механизмот за ладење, со вкупна бруто маса од 92,7 килограми.

Инспекторите веднаш ги заплениле и наркотиците и контејнерот, стоката ја предале на чување во грчката полиција и го известиле надлежното обвинителство.

Истрагата за идентификација на примателите на наркотиците продолжува.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Истрага против дилер на кокаин во Штип

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски