Кој е човекот кој го застрела убиецот од Цетиње: Бил суден за убиство, осомничен за тероризам

Од:

Ненад Калуѓеровиќ, за кој се верува дека вчера попладне го испукал смртоносниот куршум кон масовниот убиец на Цетиње, Вук Бориловиќ, има богата и бизарна биографија.

српскиот Блиц потсетува дека на 13. август 2006 година – речиси 16 години од крвавиот пир на Бориловиќ – околу 22:00 часот на улицата Бајова во Цетиње, пред ресторанот Амбасадор, беше убиен Жељко Јовановиќ. Како што соопшти тогаш полицијата, осомничен за убиството е Ненад Калуѓеровиќ, по кого е распишана потерница.

Истиот Ненад Калуѓеровиќ вчера повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста. Според црногорскиот портал Стандард, Калуѓеровиќ по убиството на Бориловиќ побегнал, а полицијата преговара со него да се предаде.

Полицијата соопшти дека од нивниот куршум бил погоден и Бориловиќ, но дека не знаат кој бил фатален. Кој го испукал смртоносниот истрел во Бориловиќ ќе покаже извештајот од обдукцијата.

Калуѓеровиќ бил кум на и една од жртвите на Бориловиќ, Митар Митровиќ.

Како што објавија медиумите во 2006 година по убиството на Јовановиќ, семејството на убиениот Жељко Јовановиќ во писма до црногорските власти тврдеше дека на Калуѓеровиќ по убиството му било дозволено да избега, дека цетинската полиција воопшто не го блокирала градот и дека МУП практично не го барал.

На семејството Јовановиќ му одговорил лично Филип Вујановиќ, тогашниот претседател на Црна Гора, кој во јуни 2008 година ги информирал дека по Ненад Калуѓеровиќ е распишана локална, национална и меѓународна потерница преку Интерпол во Подгорица и дека оперативните податоци на полицијата укажуваат дека некогаш престојувал во Босна и Херцеговина, а потоа во Русија.

По две години во бегство, Калуѓеровиќ се предаде. На судењето тој изјави дека не е виновен и дека не го убил Јовановиќ. Рече дека избегал бидејќи претходно бил невин во притвор, па не сакал тоа да се повтори.

Во 2010 година, Калуѓеровиќ беше осуден на 10 години затвор за убиството на Јовановиќ. Седум месеци подоцна, тој беше ослободен на повторното судење. Мајката на убиениот се самоуби два дена подоцна.

После тоа, Калуѓеровиќ не беше споменуван во медиумите околу 10 години, се до септември минатата година кога беше уапсен под сомнение дека сторил кривично дело тероризам бидејќи бил дел од група која се обидела да го спречи устоличувањето на митрополитот Јоаники во Цетиње.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време