Кои држави и колку ќе им помогнат на Србија и БиХ за поплавите

Од:

Претставници на 23 меѓународни организации и 60 држави, на донаторската конференција во Брисел, собраа 996 милиони евра за санирање на последиците од поплавите во Србија и 809 милиони евра за БиХ.

Тие ветија дека ќе ја достават оваа сума, која што една третина е донација, а останатото поволни заеми, за поплавените држави. Министерката за европски интеграции на Србија, Јадранка Јоксимовиќ истакна дека цифрата од 1,8 милијарди евра помош за Србија и БиХ, која што денеска беше спомната на конференцијата е импозантна, но дека треба да се земе со резерва. – Мора да ја делиме директната донација од кредит и да видиме под кои услови ќе ги добиеме кредитите-наведе таа.

Еве кои државите и организациите ќе дадат помош за подрачјата кои што настрадаа во мајските поплави.

Штефан Филе: Европската комисија ќе даде 195 милиони евра, од кои 72 милиони веќе се дадени. 123 милиони ќе се однесуваа за реконструкција, 95 милиони за БиХ, 90 милиони за Србија, а 10 милиони за соработка.

Словачка: 260.000 евра до сега, ќе даде уште 400.000 (по половина на Србија и БиХ)

Канада: 800.000 долари до сега, 400.000 до сега за „Save the Children“ Унгарија: Уште еден милион евра за БиХ и Србија

Швајцарија: за поплави 11,8 милиони евра Хрватска: 1.350.000 евра за поплавите, од кои повеќе се наменети за БиХ

Чешка: 400.000 евра за енергетика (околу милион кога ќе се собере владата и НВО)

Грција: Веќе дадени 100.000 евра за БиХ, 200.000 Србија. Фондацијата Ставрос Ниакос исто така донираше пари преку Црвениот крст и Мозаик.

Романија: До сега 200.000 евра, ќе даде уште 100.000 долари

Турција: До сега 3 милиони долари за БиХ, 200.000 долари за Србија. Уште 2 милиони долари за БиХ и 1.300.000 за Србија

Бугарија: До сега неколку стотици илјади, ќе даде уште 50.000 евра за Србија, исто толку и за БиХ

Алжир: Дадени 500.000 за Србија и исто толку за БиХ

Австрија: До сега дадени повеќе од 4 милиони евра за двете држави

Азербејџан: До сега 1 милион долари за двете држави, треба да одлучат дали ќе одговорат на барањата за дополнителна помош за БиХ и Србија

Данска: Ќе даде 7 милиони евра за идната година Кина: Не е наведена цифра

Индонезија: 100.000 за БиХ, исто толку и за Србија Италија: 2 милиони евра за двете држави

Јапонија: До сега 300.000, ќе даде и по 5 милиони евра на секоја држава, врз основа на планот за реконструкција и барањата кон Јапонија. Мароко: 200.000 долари за двете држави, ќе даде уште.

Норвешка: Околу 9 милиони евра за двете држави Албанија: 200.000 евра, по пола на секоја држава со грантови

Полска: 270.000 евра од полски организации кои што работат со локални партнери (само Обреновац во Србија)

Русија: До сега донираше НИС, руска црква даде повеќе од еден милион, 30,5 милиони ќе дадат

Шведска: Само за поплавите по 2 милиони евра за двете држави

САД: 16, 5 милиони долари

Велика Британија: 2 милиони на фондот

Македонија: До сега дадени по 100.000 евра за БиХ, Србија и Хрватска, како и повеќе од 100.000 евра за одредени организации

Косово: Нудат човечки ресурси и останата помош

Меѓу најголемите донатори е Европската банка за обнова и развој, која на Србија веќе и даде на располагање повеќе од 300 милиони евра за обнова на јавниот сектор, а на Босна 58 милиони евра, додека на двете држави им одобри уште по 100 милиони евра за санирање на последиците од поплавите во малите и средни општини.

Европската инвестициска банка соопшти дека на Србија и се одобрени 170 милиони евра, а за Босна 90 милиони евра. ММФ најави 95 милиони за Босна, додека

Светската банка покрај останатото вети дека на Србија ќе и позајми 200 милиони евра за малите и средни претпријатија, 100 милиони за обнова на енергетиката и земјоделието, како и 200 милиони за БиХ.

Развојната банка на Советот на Европа на БиХ и одобри заем од 69 милиони, а на Србија 32,5 милиони. Меѓународната финансиска корпорација, членка на Светската банка, заедно на Србија и БиХ им одобри 370 милиони за обнова на инфраструктурата и стопанството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите