„Коха“: Поранешната обвинителка ја доби првата битка со Еулекс

Од:

Поранешната обвинителка на Еулекс, Марија Бамие, ја доби првата битка со Еулекс откако европскиот омбудсман, по истрагата што ја спроведе, пронајде многу прекршувања и неправилности, пишува косовскиот весник „Коха диторе“.

Омбудсманот, наведува весникот, дури открил дека исчезнал еден интерен документ што бил против главната обвинителка на Еулекс, Јарослава Новотна, и поранешниот претседател на судскиот совет на Еулекс, Франческо Флорија.

Документот, објавен минатата недела по повод начинот на кој Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) постапува кога станува збор за сомнежите за сериозни неправилности, вклучувајќи го и Еулекс, констатира многу неправилности на Еулекс.

Омбудсманот вели дека го прегледал досието на ЕЕАС/Еулекс поврзано со истрагата и дека утврдил дека Еулекс спровел прелиминирана внатрешна истрага и регрутирал еден надворешен обвинител за истрагата на неправилностите.

Покрај тоа, ЕЕАС именувала и еден надворешен експерт, од стратешки аспект, повторно да го анализира мандатот на Еулекс, посебно во врска со прашањата кои беа објавени во јавноста околу оваа мисија.

Омбудсманот забележал дека Еулекс не спроведувал  стандардни процедури околу истрагата во врска со сомнението што се појавило, а констатирал дека требало да се преиспита начинот на кои бил регутиран надворешен обвинител.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска