„Коха Диторе“: Косовски ученици ги напуштаат средните училишта

Од:

Во првото полугодие од оваа учебна година средните училишта во Косово ги напуштиле 775 ученици, објави приштинскиот весник „Коха Диторе“, повикувајќи се на официјални податоци на косовското Министерство за образование.

Меѓу оние што ги напуштаат средните училишта во најголем број се момчиња, што според експертот за образование Дукаѓин Пуповци, се должи на „тешките економски ускови“ во Косово, наведува весникот.

„Коха Диторе“ додава дека иако извори во Министерство за образование на Косово изјавиле дека се „загрижени од овој фрапантен податок“, оваа државна институција засега не излегува со конкретни предлози за запирање на оваа појава.

Пуповци од друга страна решението на проблемот го гледа во создавање „посебна формула за финансирање на средното образование“, односно за помош на децата од семејства со мали материјални можности, истакнува приштинскиот весник.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица