„Коха диторе“: Косовската Влада ќе ги задржи рудниците „Трепча“

Од:

Со нацрт-законот за измена на Законот за јавни претпријатија е предвидено рудниците и флотациите „Трепча“ да се издвојат во јавно претпријатие, а останатите делови од комбинатот да се приватизираат, пишува денеска „Коха диторе“.

Во текстот насловен како „Владата на Косово ќе ги задржи рудниците и флотациите Трепча“ се наведува дека со нацрт-законот, што го усвои косовската Влада, ќе продолжи статус кво сосотјбата на рударскиот комплекс.

Во предлогот се наведува дека „рудниците и флотациите се издвојуваат од општественото претпријатие „Трепча“ во јавно претпријатие во сопственост на Косово“.

Анонимен извор за весникот изјави дека Владата ги сака во своја сопственост рудниците и флотациите во Стари Трг, рудниците и флотациите во Кишница и Ново Брдо, рудниците и флотациите на Копаоник и во Лепосавиќ, Металургијата за олово во Звечани и Металургијата за цинк во Митровица, додека останатите 14 единици на комбинатот Владата сака да ги приватизира.

Друг анонимен извор за весникот истакнал дека иако косовската Влада сака овие рудници да бидат во нејзина сопственост и тоа врз основа на нацрт-законот, кој го испрати во Собранието на усвојување, тоа нема да може да го постигне без согласност на Србите, кои се мнозинство во општините во северно Косово, каде што се наоѓаат тие рудници.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица