Се чини дека не му кажаа дека „македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977, реагира шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за вчерашната прес-конференција на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
– Господинот Мицотакис, не знае, не разбира, не е во позиција да се справи со прашањата од надворешната политика. Се чини дека не му кажаа дека „македонски јазик“ први „признаа“ во 50-те години министрите на Националната радикална унија, а официјално го предаде Нова демократија во 1977, пишува во соопштението од шефот на грчката дипломатија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција, коментира дека Мицотакис „одбива да се справи со надворешната политика со потребната сериозност“, а паралелно, во соопштението, Коѕијас реагира и за изнесените ставови во врска со грчко – албанските односи.