Коѕиас и Чавушоглу денеска ќе престојуваат на Кипар

Од:

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција, Никос Коѕиас и Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојуваат на Кипар во одделни мисии, со цел да се обидат да влијаат за обнова на преговорите за обединување на островот.

Коѕиас ќе се состане со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и ќе присуствува на средбата на Националниот совет на политичките лидери на кипарските Грци, посветен на начините за наоѓање на решение и промена на стратегијата.

Чавушоглу пак ќе оствари средби со официјалните претставници на Турската Република Северен Кипар.

Кипар е островска држава, поделена на грчки и турски дел од инвазијата на Турција во 1974 година, како одговор на грчкиот обид за преврат со цел обединување на Кипар со Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент