Клуге: Западен Балкан ќе добиe вакцини рамномерно, како што ги добива Србија

Од:

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, денеска на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди.

Тој беше прашан од новинар на британски Телеграф – кога другите земји во регионот од Западен Балкан „ќе обезбедат вакцини, како што тоа го стори Србија“.

„Политиката на СЗО е таква што гледаме вакцините да се дистрибуираат рамномерно и праведно насекаде, така што сите земји од Западен Балкан ќе ја добијат вакцината, како и Србија“, рече Клуге.

Во Србија вакцинацијата почна на 24 декември, а први се вакцинираа премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон, кои ја примија вакцината на „Фајзер“.

Вчера, пак, претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа