Клучен состанок во Брисел: Од Србија и Косово се очекува прифаќање на европскиот предлог

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања.

ЕУ и САД, пак, во пресрет на состанокот порачаа дека очекуваат Белград и Приштина начелно да го прифатат европскиот предлог како појдовна точка за целосно и правно-обврзувачко решавање на односите меѓу двете страни. Паралелно со тоа да се формира и Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.

Од своја страна, европските посредници уверуваат дека и ЕУ и САД го имаат тоа предвид и оти токму европскиот односно француско-германски предлог нуди решенија за тоа. Вашингтон, пак, истакнал дека конечниот договор ќе значи и значајни отстапки и болни компромиси за двете страни.

Српските медиуми пишуваат дека Вучиќ ќе наведе оти Србија никогаш нема да го признае Косово ниту, пак, да се согласи на негов влез во Обединетите нации. Исто така, Белград ќе бара веднаш да се започне со формирање на ЗСО според она што е предвидено со бриселските договори од 2013 и 2015 година.

Косовскиот премиер Албин Курти начелно прифати да се разговара за ЗСО, но инсистира да се усвојат забелешките што за тоа ги даде Уставниот суд на Косово. Една од неговите црвени линии се очекува да биде и заемно признавање и реципроцитет со Белград.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски