Клинтонова ги „откачи“ и Србија и Косово

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон официјално потврди дека нема да ги посети ниту Србија, ниту Косово.

Нејзината посета на Балканот беше ставена во агендата за почетокот на октомври и беше предвидено Хилари да учествува во формалниот дијалог помеѓу Белград и Приштина, но до промена на планот дошло поради неколку причини.

Највлијателната шефица на американската дипломатија одлучила да не учествува во затегнатите политички односи помеѓу двете соседни земји.
Но, главната причина, за која всушност Клинтонова и требаше да дојде, е Конференција за жените во политиката, организирана од страна на претседателката на Косово, Арифете Јахјага.

Бидејќи ниту оваа конференција не била организирана на доволно високо ниво и на начин што бил првично предвиден, Хилари ја откажала посетата на Балканот од октомври за понатаму.

Би можело да ве интересира

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски