Клаус: ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичка борба во Бугарија

Од:

Чешкиот претседател Вацлав Клаус смета дека заканата за одземање на лиценцата за работи на чешката енергетска компанија ЧЕЗ во Бугарија, е резултат на политичка борба, јави дописникот на МИА од Прага.

– ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичко ривалство, а не како причина, изјави Клаус.

Според него, слични работи се случуваат секогаш кога се подготвува некој исклучителен политички настан, како на пример избори.

Клаус упати критики кон чешката Влада и дипломатијата заради, според него, „млаката“ реакција.

– Таквиот тивок и неопределен пристап на нашето Министерство за надворешни работи ми се чини двојно неприфатлив, смета шефот на чешката држава.

Клаус посакува чешкото политичко раководство да реагира решително, како што претпоставува дека би реагирале други земји-членки на ЕУ доколку Чешка би го направила истото.

Раководството на ЧЕЗ соопшти дека досега од бугарска страна нема добиено никакви официјални документи и затоа не може да преземе конкретни чекори, нагласувајќи дека планира да поднесе жалба до судите во Бугарија.

– Паралелно, размислуваме за жалба до европските органи, но веруваме дека до тоа нема да дојде, изјави Томаш Плескач, директор на Одделението за дистрибуција во странство.

Компанијата смета дека проблемот е исполитизиран поради претстојните парламентарни избори во Бугарија.

Во врска со високите сметки за струја на кои се жалат бугарските граѓани, ЧЕЗ дава прозаично објаснување. Граѓаните повеќе се грееле поради екстремно студеното време во декември, наспроти ноември кога било потопло. Исто така, споредено со претходната година, во декември 2012 било постудено.

Негирајќи дека, електричната енергија во Бугарија е драстично зголемена, Плескач објаснува дека цената на струјата не е покачена од 1 јули 2012 година, каки и дека било забележливо огромно политичко влијание на одлуките на бугарскиот регулаторен орган.

Бугарскиот регулаторен орган денеска ги намали тензиите од вчера, кога премиерот Бојко Борисов најави итно одземање на лиценцата за работа на ЧЕЗ.

Според претставниот на енергетскиот регулатор, лиценцата не е одземена и во тек е испитување на можни нерегуларности од страна на чешката компанија.

Во Бугарија, во последните неколку дена не престануваат демонстрациите на неколку илјади луѓе кои излегоа на улиците поради високите цени на струјата. За финансиската кризна ситуација беа обвинети странските дистрибутери и кабинетот на премиерот Бојко Борисов, кој денеска поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот