Ќе се дежура на влезот во Вуковар, поради кирилицата

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Членовите на „Штабот за одбрана на хрватскиот Вуковар“ од утре ќе дежураат на влезот и излезот од градот, и на тој начин ќе го искажат незадоволството од поставувањето на двојазичните табли.

-Ќе стоиме на сите влезови на Вуковар. Нема да се обидеме никого да спречиме, или нападнеме во обид на поставување на табли, како што ќе останеме пасивни и доколку некој од воените страдалници се обиде да ја симне таблата или да ја избрише – изјави претседателот на штабот, Томислав Јосиќ.

Тој напомена дека хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијална потврда од државните тела, објавија дека таблите со латиничното и кириличното писмо ќе бидат поставени утре.

Портпаролот на штабот Здравко Комшиќ изјави дека доколку се постават табли со двојазаични написи за Вуковар, претседателот на владата Зоран Милановиќ ќе биде прв хрватски премиер, кој ќе ја воведе кирилицата како рамноправно писмо во Вуковар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер