Окружното обвинителство во Бургас го даде на суд 14-годишното момче кое е обвинето за убиство на маж од Македонија. Инцидентот се случи во туристичкото место „Сончев брег“ во април годинава.
Малолетното момче од македонскиот државјанин украло сума од 1.400 лева или 700 евра, а потоа го удрил со дрвен столб во главата и мажот починал. Во истрагата било утврдено дека двајцата се познавале.
Момчето на денот на убиството видело дека мажот ја носи наведената сума и според обвинителството направил план да му ја земе.
Момчето забележало дека жртвата конзумирала значително количество алкохол. Го намамило на однапред избрана локација, следувало тепање и кражба на парите. Михаил зел дрвен кол и му нанел неколку повреди во пределот на главата на 50 годишниот македонец. Потоа телото го сокрил во блиската шума крај ресторанот „Бчвата“ и го сокрил прекривајќи го со даски и шут. Случаен минувач го забележал телото и веднаш повикал полиција.
Убиениот е 50-годишниот македонец Игор Николовски, а сторителот е 14 годишното момче Михаил Х, за кое медиумите пишуваат дека е од ромска националност.
Михаил живее на Сончев Брег со семејството и има криминално досие. Доколку биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен.