Кирил Петков во наредните денови ќе го посети Киев заедно со претставници на владејачката коалиција во Бугарија

Од:

Премиерот на Бугарија Кирил Петков за неколку дена ќе го посети Киев, а за учество во делегацијата ги покани претставниците на четирите партии од владејачката партија, изјави тој во интервју за Нова ТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста за посетата на бугарскиот премиер на Киев доаѓа во контекст на сериозни проблеми меѓу владејачките партии за прашањето за воена помош за Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба вчера ја напушти Софија без да добие јасен одговор дали Бугарија ќе даде воена помош. Тој учествуваше на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика, пред која зборуваше за руската инвазија на неговата земја и повика на воена помош.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков напиша обраќање на Фејсбук, во кое повика на бришење на црвените линии и укинување на ултиматумите за ова прашање. „Демократска Бугарија“ најави дека доколку не се прифати воена помош, тоа може да доведе до нивно повлекување од владејачката коалиција. Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил за првпат напиша дека треба да се обезбеди секаква помош за Украина. Вклучувајќи и воена. Главен противник останува Бугарската социјалистичка партија на вицепремиерката Корнелија Нинова, која смета дека доколку се даде оружје, конфликтот дополнително ќе ескалира.

Народното собрание на Бугарија по велигденскиот одмор мора да одлучи дали ќе испрати воена помош за Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина