Денеска се навршуваат 15 години од влезот на Бугарија во ЕУ, и по тој повод бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Европската унија започна како мировен проект, но со текот на времето стана најголемиот светски пазар, културен центар, заеднички вредности и споделени можности.
Според Петков, ЕУ може да се надградува и Бугарија мора да има активна, конструктивна улога во оваа надградба.
Според Петков, Бугарија повеќе не треба да биде само на периферијата, туку двигател, членка која го дава најдоброто од себе за развој на сопствената земја, која последователно ја развива целата ЕУ. Кирил Петков посака 2022 година да биде нов почеток, нов почеток за ЕУ и нејзиниот развој, нов почеток за Бугарија, како поактивна и поконструктивна членка на Унијата.