Кипар: Турција да престане со кршење на суверените права на островот

Од:

Претседателот на Република Кипар Никос Анастасиадис во интервју за грчкиот весник „Параполитика“ ја повика Анкара да престане со кршење на суверените права на островот.

Турција мора да разбере дека треба да престане со нарушување на суверените права на Република Кипар, со цел да се постигне што е можно побрзо решение на проблемот за островот, нагласи Анастасиадис.

Кипарскиот претседател истакна дека започнатата енергетска соработка меѓу Кипар, Грција и Египет не е насочена кон трета држава, истовремено повикувајќи ја Турција за создавање на клима на стабилност во регионот на Источно Средоземно Море.

Никос Анастасиадис изрази увереност дека откривањето на гас крај брегот на островот не треба да се претвора во причина за раздор и судири, туку да ги охрабри сите страни за решавање на кипарскиот проблем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски