Кипар: Одговорноста за преговорите со Еврогрупата за помош на Грција е на Атина

Од:

Одговорноста за излез од „мат позицијата“ во преговорите со Еврогрупата за идната кредитна програма на Грција е на Атина, изјави денеска кипарскиот министер за финансии Харис Георгиадис за кипарското државно радио.

Како што јави ТАСС, изјавата на Георгиадис доаѓа по синоќешните неуспешни преговори во Брисел на средбата на Еврогрупата за Грција.

Сметам дека грчката Влада, која ги знае сите факти, треба да донесе одлука. Ако сака програмата да биде продолжена, треба да побара тоа да се случи. Ако не сака, сметам дека веќе има обезбедено алтернативи, кои ќе обезбедат финансирање на грчката држави и нејзината економија, изјави Георгиадис.

Кипар, кој е многу близок сојузник и партнер на Грција, секогаш стои на страната на Атина. На прашањето дали Никозија ќе ја поддржи Атина, Георгиадис одговори дека засега не е јасно какво точно грчко барање треба да биде поддржано.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Силен земјотрес го погоди Кипар