Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис изрази незадоволство од извештајот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, определувајќи и ги оценките во него за однесувањето на Турција како нереални.
– Извештајот на нереален начин ги претставува незаконските и провокативните дејствија на Турција во исклучителната економска зона на Република Кипар, кои доведоа до неизбежен прекин на преговорите за решавање на проблемот со поделениот остров, истакна Христодулидис.
Тој нагласи дека во извештајот не се споменува јасно континуираното нарушување на суверените права на една независна и суверена членка на ОН, Република Кипар, за нарушувањето на меѓународното право и на Конвенцијата на ОН за поморското право.
Христодулидис изрази незадоволство и од фактот дека во документот не се споменува ништо за сеизмичките истражувања, извршени од турскиот истражувачки брод „Барбарос“, придружуван од бродови на турската военопоморска флота.