Кипар ќе набави 200.000 брзи тестови за Ковид-19

Од:

Министерството за здравство на Кипар во следниот период ќе набави 200.000 брзи тестови за Ковид-19, од кои првите 50.000 ќе бидат достапни во следните десет дена, а ќе бидат наменети за тестирања во болниците и местата каде што се собираат голем број луѓе, како што се касарните, училишта и слично, јави дописничката на МИА од Атина.

Набавката на брзите тестови, како што соопштуваат од надлежното Министерство, е во рамки на активностите за справување со зголемениот број новозаразени.

Во изминатите денови и на Кипар е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вчера беше соопштен 181 новозаболен, а од почетокот на епидемијата заразени се 3.817 лица.

Брзите тестови веќе еден месец и половина се користат и во Грција, откако грчката Влада на почетокот на септември обезбеди 200.000 брзи тестови за Ковид-19.

Еден дел беше искористен на грчкиот остров Лезбос кога бегалците и мигрантите се сместуваа во новиот привремен камп, а во изминатиот период мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, со брзите тестови се спроведуваат тестирања на жителите на различни населби во градовите со лоша епидемиолошка слика.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот